Највоено моќни земји: Македонија на 112-то место а ова се најјаките 10

– Американската веб-страница „Global FirepoWer“, специјализирана за анализа на воените капацитети на државите, го објави своето новогодишно рангирање на најмоќните воени сили во светот за 2025 година. На оваа листа, Македонија е рангирана на 112-то место од вкупно 145 рангирани армии. Индексот „Global FirepoWer“ не го мери само бројот на тенкови, авиони или војници. Рангирањето се базира на повеќе од 60 индикатори, вклучувајќи го воениот буџет, бројот на активни и резервни војници, логистичките капацитети, бројот и разновидноста на оружје, инфраструктурата, достапноста на природните ресурси, како и геостратешката положба на државата.

Технолошкото ниво исто така се зема предвид, што значи дека земјите со пософистицирани системи за команда и контрола, напредни беспилотни летала (дронови) и сајбер капацитети имаат значителна предност.

Што се однесува до земјите од регионот, Романија е на 51-во место, додека Унгарија е на 55-то место, што е послаб резултат во споредба со минатата година. Бугарија останува на 62-ро место.

По неа следува Србија, на 63-то место, што претставува значителен пад во споредба со 2024 година, кога беше на 56-та позиција. Хрватска забележа најголем негативен пад во регионот – од 66-то на 74-то место, што е пад од девет позиции. Спротивно на тоа, Албанија постигна голем напредок, искачувајќи се од 90-то на 78-мо место. Словенија е рангирана на 96-то место, Северна Македонија на 112-то, Црна Гора на 127-мо, додека Босна и Херцеговина на 132-ро место. Косово е речиси на дното на листата – на 141-во место од вкупно 145 анализирани земји. Првите десет земји во светот според индексот на воена моќ за 2025 година се: Соединетите Американски Држави, Русија, Кина, Индија, Јужна Кореја, Обединетото Кралство, Франција, Јапонија, Турција и Италија.
The post Највоено моќни земји: Македонија на 112-то место а ова се најјаките 10 appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: