Товарниот сообраќај трет ден блокиран, ако нема решение запира и меѓународниот автобуски превоз

   Товарниот сообраќај и натаму останува блокиран поради протестот на транспортните превозници од Западен Балкан кои од завчера  поставија камиони на граничните премини кон шенген зоната барајќи од ЕУ да се измени правилото  за електронска евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена.

Првичните проценки на коморите се дека штетите од блокадите дневно изнесуваат 100 милиони евра за регионот од кој во протестот се вклучени камионските транспортери од државава, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Од Асоцијацијата на здруженијата на работодавачите на превозните трговски друштва на Република Македонија „Макам-транс“, веќе укажаа дека економска оправданост да се обезбедуваат по двајца возачи кога нема доволно возила, воопшто не постои. Не е економски оправдано еден возач три месеци да седи дома и да прима минимална плата, додека другиот работи. Тоа не е оправдано ниту од аспект на возачите ниту од аспект на превозниците –  изјави Билјана Муратовска, генерален секретар на  „Макам-транс“.
Во меѓувреме, на проблеми поради новиот начин на евиденција укажаа и возачите на автобусите во меѓународниот превоз од каде апелиарат до европските институции за фер и применливо решение што ќе го земе предвид специфичниот карактер на професионалниот превоз на патници и стока.

Пронајдете не на следниве мрежи: