Петмина кандидати се пријавија на огласот на Собранието за јавен обвинител на Република Северна Македонија и нивните кандидатури денеска се пратени во Владата, информираат за МИА од собраниската прес-служба.
Од таму имињата на кандидатите не ги откриваат, но како што некои од пријавените и сами потврдија, станува збор за сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчeвски, и обинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека Владата ќе го каже својот став во однос на изборот на нов републички јавен обвинител откога за тоа ќе се произнесе Советот на јавните обвинители.
Парламентот со 61 глас од пратениците ќе треба да со изгласа новиот државен јавен обвинител.


