Несогласувања во МАНУ

Во Македонската академија на науките и уметностите на виделина излегоа несогласувањата меѓу сегашниот и поранешниот претседател на оваа институција. По објавата на поранешниот претседател Љупчо Коцарев во Нова Македонија во која бара оставка од сегашниот претседател Живко Попов, со реакција се јавија од МАНУ отфрлајќи ги како неосновани тврдењата на Коцарев.
– Претседателството на Македонската академија на науките и уметностите на вчерашната седница заклучи дека со написот се нанесува голема штета и се нарушува угледот на Академијата. Претседателството го осуди и го оцени како непримерен ваквиот настап, невообичаен во досегашните 58 години постоење на МАНУ, особено затоа што потекнува од поранешен претседател и сегашен член на Претседателството, велат од Претседателството на МАНУ.
Оттаму додаваат дека Коцарев како член на Претседателството на МАНУ секогаш имал можност во согласност со статутарните процедури да ги изнесува своите ставови во телата на Академијата доколку во нив редовно учествувал.
Академик Љупчо Коцарев во колумна објавена на 24 јануари во која бара оставка од сегашниот претседател Попов посочува неколку одлуки и акти за кои, како што веи, Државниот завод за ревизија очекува да даде негативно мислење.

Пронајдете не на следниве мрежи: