Филипче ќе поднесе тужба ако се утврди дека не е виновен во случајот Жан Митрев

Претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче вели дека ќе поднесе тужба доколку се утврди дека не се точни наводите на познатиот кардиолог Жан Митрев дека во време на короната тогашниот премиер Зоран Заев и тој како министер за здравство вршеле рекет со цел да земат дел во сопственичката структура на Клиниката.
– Нема да дозволам со вакви бандитски работи да ми се нарушува угледот и честа, рече денеска Филипче.
Праша зошто ако Жан Митрев бил жртва на таков рекет, сам не пријавил досега туку тоа сега го прави Обвинителството по допрен глас.
– Како и да е, нека ја завршат анализата, а потоа, откако ќе се утврди дека немам никаква вина, ќе поднесам приватна тужба за нарушување на честа и угледот, рече Филипче.
Обвинителството информираше дека по допрен глас отвара предмет за случајот, којшто во телевизиско гостување на Алфа го обелодени самиот Жан Митрев.

Пронајдете не на следниве мрежи: