Претседателката ставила потпис на измените на Кривичниот законик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го потпишала указот за Кривичниот законик, иако, како што денеска изјави, имала забелешки, но ова било транзициско решение.
Од Владата добила гаранции дека во јуни ќе биде донесен новиот Кривичен законик на кој со години работи работна група.
– Ги прифаќам овие измени само како транзициски за да може да имаме исчекор во поглед на санкционирањето на една од најтажните македонски приказни во сообраќајот, жртвите, заштитата на жените тоа ми е многу битно. Во поглед на построгите критериуми, подобро квалификуваните дела врзани за злоупотреба на службената положба ќе го толерирам, ова само во пресрет на чекањето на новиот Кривичен законик. Според мене тој ќе биде клучен во судските реформи и сметам дека треба да биде донесен час поскоро. По разговори со предлагачот, со владата и по барање гаранции, ова нема да значи дека сме го решиле проблемот и одолговлекување на Кривичниот законик, изјави Сиљановска.
Платфрмата за борба против корупцијата денеска ја повика претседателката да не го потпишува указот со образложение дека со измените на кривичните дела за злоупотреба на службената положба се предвидуваат пониски максимални казни во однос на состојбата пред 2023 година.
И од политичката партија Левица денеска побараа Уставниот суд да отвори предмет за уставноста на член 353 од Кривичниот законик.

Пронајдете не на следниве мрежи: