Поради лавинска опасност, националниот парк Шар Планина апелира до посетителите на зголемена внимателност, избегнување на потенцијалните лавински зони и движење во повисоките делови на планината без придружба на стручно обучени лица.
Од посетителите се бара и навремено и точно да ја пријавуваат својата посета преку официјаната веб страна на Националниот парк.
– Националниот парк Шар Планина ја информира јавноста дека на територијата на паркот во моментов е присутна висока лавинска опасност, особено во деловите од планината кои се наоѓаат на надморска височина над 1700 метри, стои во информацијата од Националниот парк.
Екипа на Националниот парк Шар Планина излегла на терен и извршила увид на посочената локација. Извршено е и пребарување на лавинскиот терен со употреба на лавински уреди, при што е констатирано дека во лавината нема затрупани лица, а до овој момент нема пријави за исчезнати лица.


