Парламентарното собрание на Советот на Европа донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со нашата С Македонија , процес што беше отворен во 2000 година, информираше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Како што истакна Муцунски, одлуката претставува важно институционално признание за напредокот и посветеноста на државата кон принципите и стандардите на Советот на Европа, како и јасна потврда за остварениот напредок во областите на демократијата, владеењето на правото, заштитата на човековите права и односите со соседните земји.
Одлуката, како што посочи Муцунски, претставува значаен успех и недвосмислена потврда за посветеноста, професионализмот и ефективноста на македонската дипломатија во унапредувањето и заштитата на темелните европски вредности.


