Нова преставка до Уставен за Безбеден град

Нова преставка денеска е поднесена до Уставниот суд со која се оспоруват законите од пакетот закони за „Безбеден град“. Преставката е од Алијанса за Албанците од крилото на Арбен Таравари.
– Овие иницијативи ги поднесовме со цел секој закон да важи за сите граѓани, на целата територија на Република Северна Македонија“, изјави Абидин Абдули, адвокат ангажиран од оваа партија.
До Уставниот суд претходно беа доставени уште две иницијативи со кои се спорат законите од Безбеден град. Една од нив е иницијативата поднесена од крилото на Зијадин Села.

Пронајдете не на следниве мрежи: