Антикорупциска му пуштила прекршочни налози на Ѓорѓиевски за непријавената имотна состојба

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Адем Чучуљ, во вечерашното гостување во „Топ тема“ на „Телма“ рече дека во последниот период работата на Комисијата се злоупотребува во дневнополитички цели.

 Според него, последните информации околу Антикорупциска, се во насока на дефокусирање на јавноста од нивното постапување.

Чучуљ рече дека судијата Ѓоко Ристов, осомничен за примање поткуп, има поднесено анкетен лист, но и дека тој не бил предмет на проверка.
Претседателот на Антикорупциска беше запрашан и за анкетниот лист на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, за кого потврди дека наспроти законската обврска, сè уште ја нема пријавено имотната состојба уште кога беше градоначалник на Кисела Вода, а ниту откако беше избран за скопски градски татко.
„Пуштени му се и двата прекршочни налози и за Кисела Вода и за Град Скопје и уште е во фаза за постапка за порамнување“, рече Чучуљ.

Пронајдете не на следниве мрежи: