Од утре и официјално почнуваат казните преку проектот Сејф сити во Скопје, Тетово и во Куманово. Ќе се казнуваат возачите кои ќе возат побрзо од дозволеното, а ќе се казнува и уште неколку други прекршоци – поминување на црвено, непрописно паркирање и за истечена сообраќајна дозвола.
Казните се движат од 15 до 300 евра за пречекорување на дозволената брзина, до 250 евра и одземање на возачка дозвола за период од три до 12 месеци за поминување на црвено светло. За непрописно паркирање возачите ќе плаќаат од 25 до 180 евра, а за нерегистрирано возило 500 евра, а ако возачката е истечена до 30 дена, глобата ќе биде 100 евра.
Доколку казната се плати во рок од осум дена, тогаш ќе се плати само половина од висината на казната.
Сејф сити почна да се применува од 1 јануари но без изрекувани само опомени.
До Уставниот суд веќе се пристигнати три иницијативи со кои се оспоруваат законските одредби поврзани со Безбеден град.


