Мицкоски: Не е проблем да појдам во ССМ, ама УПОЗ првин да потпише

 

  Не е проблем јас да појдам во ССМ, понудата е на маса. Нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ да потпише и тогаш и 7.700 државни административци ќе добијат за две години и два месеца зголемување од 40 проценти на плата, одговори денеска премиерот Христијан Мицкоски откако вчера на прес-конференција лидерот на Сојузот на синдикати го повика во понеделник да дојде во ССМ и да го потпишат зголемувањето на платите за 40 проценти и на минималната плата на 600 евра  ама од денеска од февруари, а не за две години од сега.
За Предлог-законот за зголемување на минималната плата поднесен од СДСМ, рече дека не го видел, но дека ставот на Владата е јасен – да се договорат работниците и работодавачите околу зголемувањето на минималната плата.

Пронајдете не на следниве мрежи: