Профит за нив, болести за нас, Скопје во одбрана на животот, Душеме отров, Сакаме иднина во која се дише слободно, се дел од пораките што на транспаренти ги носеа граѓаните што денеска учествуваа на протестот против цементарницата Усје.
Од протестот беше повторно побарано да се затвори цементарницата Усје, а институциите во рамки на нивните надлежности да преземат мерки за намалување на аерозагадувањето.
– Владата не прави ништо со загадувањето. Дури ини во екстремно загадените денови не се презема ништо. Институциите го штитат Усје, наместо граѓаните. Го признаваат проблемот, но не решение. Сето тоа го прават за профит, бидејќи профитот за нив е приоритет, порачаа учесниците на протестот.
Изразија сомнеж и во веродостојноста на мерењата на загадувањето од официјалните институции.
Протестот го организираше граѓанската иницијатива Стоп за Усје. Почна пред Владата преку Собранието и заврши пред Министерството за животна средина.
Во декември, Советот на Град Скопје по низата протести на активистите, ја прифати иницијативата за дислокација на Усје, но оттогаш нема ништо конкретно од страна на надлежните институции. Од Цементарница Усје тврдат дека они не се причина за загадувањето во Скопје.


