Филипче: Оваа Влада нема да издржи до 2028 година

Економска криза, избори, па „мигранти за пари“ – вакво сценарио ја очекува државата, вели лидерот на СДСМ Венко Филипче во неделното интервју за РСЕ. Власта ја обвинува за изолација на државата од европскиот пат и предупредува за врски со властите во Србија и Унгарија, но и со Русија. Наводните притисоци кон докторот Жан Митрев, според него се, „измислен рекет случај“. За случувањата во СДСМ, Филипче вели, не стравува од пуч.

На прашањето кога очекува да се случат предвремени избори, лидерот на СДСМ вели:

-Не можам да претпоставам, меѓутоа мислам дека сигурно ќе има предвремени избори согласно кризата којашто не очекува, којашто оваа власт практично ја генерираше, не знае да ја изменаџира затоа што нема ниту волја ниту капацитет. Се грижи само за сопствените интереси, затоа што мора да се испорача тоа што никогаш не го демантираа дека ќе стигнат мигранти за пари и затоа се потребни предвремени избори. Дали ќе бидат на крај на оваа година, следната, ќе видиме, но до 2028-ма нема да може да издржи вака, вели Филипче.

Пронајдете не на следниве мрежи: