Влада: Не знаеме кого чекал Трендафилов, средбата е закажана во четврток

По објавата на Созјузот на синдикатите дека преставницте на Владата не дојдоа во 9 часот во Синдикатот, како што беа јавно повикани за да прговарат за платите од Владата стигна соопштение според кое средбата била договорена за четврток.

„Во врска со денешните јавни настапи и изјави на Трендафилов, како Влада најостро реагираме на обидите за создавање лажна слика за социјалниот дијалог. Не знаеме кого Трендафилов чекал, сместувајќи се во празна сала, но едно е кристално јасно, социјалниот дијалог за нас е сериозна и одговорна државна политика, а не средство за политички театар и парадерство пред камери. Јавноста треба да знае дека средбата на Премиерот Мицкоски со претставници на синдикатот УПОЗ е закажана и ќе се одржи во просториите на Владата во четврток во 16:45 часот“, соопштија од Владата.

Мицковски и платите е по систем „Раздели па владеј“ -разбивање на синдикалното единство!

Оттаму велат дека „ова е конкретен доказ дека Владата не бега од дијалог, туку инсистира истиот да биде сериозен, суштински и насочен кон резултати“.
„Социјалниот дијалог се води таму каде што му е местото, во институциите, со јасен план и реална намера за изнаоѓање решенија. Сите обиди истиот да се претвори во лажни наративи и самоволни појавувања, се неодговорни и штетни по интересите на работниците, кои наводно се бранат. Владата останува цврсто посветена на конструктивен социјален дијалог, но нема да дозволи истиот да биде злоупотребуван за дневнополитички калкулации“, велат од Владата.

Пронајдете не на следниве мрежи: