Америка ги намалува царините за Индија, која повеќе нема да купува руска нафта и гас.
Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека ги намалува царинските мерки за Индија од 25 на 18 проценти, објави Си-Ен-Ен . Индискиот премиер Нарендра Моди се согласи, според Трамп, Индија повеќе да не купува руска нафта и гас, а дека САД за возврат ќе ги намалат царините за Индија.
„ Беше голема чест да разговарам со премиерот на Индија, Нарендра Моди. Тој е еден од најпочитуваните лидери во светот.“
Разговаравме за многу работи – за царинските мерки и за крајот на војната во Украина. Тој се согласи да престане да купува руски гас и нафта и да купува повеќе од САД, потенцијално од Венецуела.
Ова ќе помогне да се стави крај на војната во Украина. Илјадници луѓе продолжуваат да умираат таму секоја недела.
„Да преговараме за нов царински договор меѓу Индија и САД, ќе ги намалиме од 25 на 18 проценти. Тие ќе ги намалат своите царини на нула кон нас “, рече Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.
Да потсетиме, САД воведоа царински мерки од 25 проценти за Индија во текот на 2025 година. Индија е еден од најголемите сојузници на Русија, особено од почетокот на војната со Украина, но судејќи според денешниот договор со Трамп, Русија изгуби близок воен и политички сојузник.
The post Путин изгуби клучен сојузник од почетокот на војната во Украина: Трамп даде понуда што не може да се одбие appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



