Пет лица од Пакистан и двајца од Индија фатени при обид за илегален излез кај Богородица

На (03.02.2026) во 02:00 часот во близина на Граничен премин Богородица, при обид за илегален излез од државата, полициски службеници лишија од слобода седум странски државјани , од кои пет лица од Пакистан, а двајца од Индија.

По извршени проверки во оперативната евиденција е констатирано дека тие претходно оствариле влез во државата на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.   

Пронајдете не на следниве мрежи: