Трамп итно доаѓа на Балканот: Доаѓа поради конфликтот во рамките на НАТО пактот

Доналд Трамп доаѓа во Грција на состаноци за членките на НАТО од јужниот Медитеран.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, доаѓа во официјална посета на Грција, објави „ Екатимерини “. Американската амбасадорка во Грција, Кимберли Ан Гилфојл, денес објави дека Трамп доаѓа во Атина, главниот град на Грција.

Денес таа беше на презентацијата на новиот документарен филм на првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп , и го најави доаѓањето на претседателот на Соединетите Американски Држави со неговата сопруга. Таа не го прецизираше точниот датум на посетата, ниту колку долго Трамп ќе остане во Грција.

Постои можност Трамп да посети и други земји кои се стратешки важни за САД во Медитеранот. Тоа се Израел, Кипар и Турција.

Според „Еурактив“ , самото најавување за посетата има политичка тежина за Југоисточна Европа во контекст на тензиите меѓу членките на НАТО. Зборуваме за Грција и Турција, кои имаат поморски спорови и одредени несогласувања околу енергетските ресурси.

Гилгоф зборуваше и за партнерството меѓу Грција и САД. Таа истакна дека Грција е „клучен актер во енергетската иднина на Европа“.
The post Трамп итно доаѓа на Балканот: Доаѓа поради конфликтот во рамките на НАТО пактот appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: