Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција сè уште утврдува евентуална поврзаност на 40-те тони запленета марихуана во Македонија со петте тони што беа најдени во Србија и сè уште го утврдува потеклото на дрогата. Јавниот обвинител сослушува сведоци и прибира докази релевантни за постапката, велат од Обвинителството во соопштение до јавноста по заплената на над 40 тони марихуана од фирми за одгледување на канабис за медицински цели.
Како и да е, се тераат две парлалени истраги и во Србија и во Македонија. Она што е извесно дека тонажата на заплена најверојатно ќе биде дуплирана, како што велат блиски извори до истрагата и дека има повеќе кривични дела кај најголем број од фирмите кои добија дозвола за работа со марихуана. Некои, според истиот иззвор отишле дотаму што одгледувањето освен заа затворен , имало и на отворен простор и според последните сознанија целта не било производство на и преработка за дозволата која се поседувала.
-Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која досега се запленети над 40 тони марихуана од повеќе правни лица на територијата на државата, обвинителството ја информира јавноста дека континуирано презема активности во соработка со Министерството за внатрешни работи и Комисијата за одобрување на одгледување на канабис за медицински цели, во рамките на Министерството за здравство. Постапувањето се одвива во континуирана координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и со други јавни обвинителства со месна и стварна надлежност, кои постапуваат по предмети за кривични дела утврдени во Законот за контрола на опојни дроги. Во насока на целосно утврдување на фактите и околностите, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е во комуникација со Обвинителството за организиран криминал на Република Србија, со цел размена на информации од значење за постапката што ќе помогнат да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната. Воедно, јавниот обвинител од ОЈО ГОКК презема и други дејствија согласно своите законски надлежности, вклучително и сослушување лица во својство на сведоци, со цел прибирање докази и факти релевантни за постапката – велат од Обвинителството.
Оттаму додаваат дека продолжуваат со преземање на дејствија за целосно расчистување на случајот. Петте тони дрога во Србија беа запленети на 29 јануари, а македонските власти почнаа акција и проверка на фирмите во средата попладне. Оттогаш нема одговор од институциите како дрогата од Македонија завршила во Србија како што тврдеа српските истражни власти, додека премиерот Христијан Мицкоски вели дека сè уште не е утврдено дека дрогата била од Македонија.
Според извори од истрагата, не е исклучено да има и трета страна вмешана во истрагата и која како независен фактор ги следи процесите околку трговијата, дистрибуција и производство на марихуаната и нејзините продукт


