Триесет години по атентатот на првиот претседател на самостојна Македонија Киро Глиговор и натаму се бараат одговори,кои веројатно ги знаат дел од политичките елити и служби од тоа време, но никој не се потруди да ја дотера истргата до крај, плашејќи се да не се препознаат некои од соседите за нарачатели, и да не се дознаат домашните извршители. Никој одмана не трага по вистината. Денеска , само уште еден научен собир, на кој се поставуваа истите прашања, алузии од истите луѓе. Ништо ново.
Нема одговор на на четири клучни прашања: кои беа причините и мотивите за атентатот, кои се можните нарачатели и извршители, дали можеше и зошто не беше превениран атентатот и зошто државните органи во изминатите три децении не дадоа одговор на овие прашања.
Дел од учесниците на денешната нау(е)чна и стручна конференција „Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров, претседател на Република Македонија и врховен командант на АРМ“, сметаат дека мотивите се политички и дека целта била земјата да го смени правецот на „движење“.
Од првиот ден беше јасно дека мотивот за атентот беше политички, смета полковникот Зоран Јовановски. Како што кажа, останал непознат идентитетот на купувачот на експлозивот, а не се знае нити дали пропустите и грешките во истрагата за атентатот биле намерни или не, а ништо ново не открила ниту автобиографската книга „Атентат ден потоа“.
– Целта на денешната јавна дебата е да придонесе за евентуални можни нови сознанија за можните нарачатели, организатори и извршители на атентатот. Притоа клучно прашање, според мене, останува дали можеше и зошто не беше превениран терористичкиот чин, а во тој конктекст и одговор на прашањето зошто институциите во сите овие изминати 30 години не одговорија на овие прашања, рече Јовановски.
На конференцијата беше презентиран видео разговор со поранешниот јавен обвинител Ставре Џиков, кој кога бил на оваа позиција го отворил случајот и го истражувал, а во тоа време првпат пред него и пред судија, поранешниот претседател Глигоров дал исказ за атентот како жртва.
– Со атентот се изврши терористички напад на претседателот на државата, тоа е еден факт, а втор факт е дека се изврши напад на Врховниот командант на македонските вооружени сили и трет факт директно се изврши терористички напад на Македонија, тоа значи на сите граѓани во Република Македонија, вели Џиков.
Како јавен обвинител, како што раскажа, случајот го проучувал од два кривично – правни аспекти.
– Што се случило од 1995 година до моето доаѓање 1999 година. Каде е полициската и судската истрага, тие се едни со други поврзани согласно законот и кривична постапка. Тргнувајќи од таа премиса јас направив увид на обвинителскиот предмет и морам да ви кажам јас малку се разочарав. Тоа беше предмет кој беше повеќе од скромен во однос на евидентирање на атентатот на претседателот Киро Глиговор. А, второ во согласност со министрите Павле Трајанов, Доста Димовска и Љубе Бошковски направив и личен увид и на полициската и криминалистичка истрага. Што утврдив во полицискиот дел што се работело? Само утврдив дека се што се правело оперативно од страна на криминалистичката полиција од моментот на случување на атентатот се свело само на службени белешки во однос на распит на граѓани, на тактичко- теренски проверки на терен што се случувало, вели Џиков.
Во видео разговорот тој кажува дека бил личен пријател со претседателот Глиговор, но исто така нагласува дека не знае од кои причини тој како жртва на атентатот никогаш не бил распрашан. Џиков го сослушал Глигоров во 2001 година и целиот државен врв пред истражниот судија Лилјана Шопова. Меѓу нив бил и претседателот на Собранието Стојан Андов.
Поранешниот министер за внатрешни работи, поранешен пратеник и претседатело на Демократскиот сојуз Павле Трајанов смета дека антентатот врз поранешниот претседател Глигров бил политички мотивиран односно е направен за промена на движењето на Република Македонија.
-Мислам дека најголем интерес за тоа имаше Милошевиќ и некои други, Македонија да остане дел од таа т.н. скратена Југославија и мислам дека тука треба да се бараат политичките мотиви за антентатот на Киро Глиговор. за жал, ниту странски служби, ниту никој не презентираа цврсти докази кои се мотивите, кои се организаторите и кои се извршителите. Имаше информации, но имаше своевидна блокада на целиот систем за да не се дојде до вистината кој и зошто го организираше атентот на Киро Глигоров, рече Трајанов.
На конференцијата учествуваа универзитетски професори, научници, експерти, меѓу кои и учесници од претходната конференција „15 години од атентатот врз претседателот Глигоров – мистерија или настан ад акта“, што се одржа во Скопје на 30 септември 2010 година.
Од иницијативниот одбор потсетуваат дека атентатот беше дочекан со огромно изненадување во домашната и меѓународната јавност имајќи ги предвид угледот на претседателот Киро Глигоров и неговата клучна улога во конституирањето и меѓународното признавање на Република Македонија по нејзиното осамостојување во 1991 година.


