Четворица кандидати во трката за јавен обвинител, Владата ќе пресече кој ќе биде

Советот на јавни обвинители дали зелено светло за останатите четворица кандидати за државен јавен обвинител откако од трката испадна Владимир Панчевски поради неисполнување на условите.
         До Владата како предлози за државен јавен обвинител ќе бидат поднесени актуелната в.д. обвинителка Анита Тополова Исајловска, обвинителките Лидија Раичевиќ и Ленче Ристоска и судијата Ненад Савески кои добија позитивно мислење.
Владата е таа која ќе треба да одлучи кој кандидат ќе го предложи и достави до Собранието.
Изборот за нов државен јавен обвинител уследи откако лани оставка од функцијата си даде Љупчо Коцевски пред да биде разгледана неговата интерпелација поднесена во Собранието. Коцевски, интерпелацијата ја оквалификува како политичка одлука.

Пронајдете не на следниве мрежи: