Македонија ќе биде зафатена од студено и нестабилно време во наредните денови

Земјата ќе биде зафатена од студено и нестабилно време во текот на наредните денови.

Според синоптичарите, температурите ќе паднат. Промена на временските услови се очекува во четврток навечер и петок попладне, кога се очекуваат интензивни врнежи од дожд, додека снег се очекува во планинските подрачја.

„Утре и задутре ќе имаме променливо време со облачност, без дожд, повремено сончево, утре ќе има засилен ветер, особено во северниот дел каде што брзината ќе достигне до 60 километри на час… очекуваме нов дожд во четврток навечер и петок попладне каде што ќе има пороен дожд, додека на планините ќе има врнежи од снег“, изјави Ленче Ристова, метеоролог.
The post Македонија ќе биде зафатена од студено и нестабилно време во наредните денови appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: