Ал Пачино и Роберт де Ниро се збогуваа со нивниот колега Роберт Дувал, кој почина на 95-годишна возраст.
Пачино, Де Ниро и Дувал беа дел од екипата на „Кум“, во кој Пачино го играше Мајкл Корлеоне, а Дувал го играше неговиот адвокат Том Хејген. Де Ниро се појави во вториот дел како младиот Вито Корлеоне.
Во изјава за „Варајети“, Ал Пачино му оддаде почит на својот починат колега, а во таа пригода особено го истакна својот талент.
„Беше чест да соработувам со Роберт Дувал, тој беше роден актер. Неговата посветеност на глумата, разбирањето и талентот ќе бидат запаметени засекогаш. Ќе ми недостига“, рече Пачино.
Исто така, Роберт Де Ниро се збогуваше со Дувал со кратка порака.
„Се надевам дека и јас ќе доживеам 95 години. Нека почива во мир“, рече тој.
Пачино глумеше заедно со Дувал во „Кум“ и „Кум II“. Тој го играше наследникот на криминалното семејство Корлеоне, додека Дувал се појави како неговиот адвокат, Том Хејген. Иако никогаш не се појави во истата сцена со Дувал, Де Ниро глумеше и во „Кум II“ како младиот Вито Корлеоне.
The post Ал Пачино и Роберт Де Ниро се збогуваа со Роберт Дувал: Неговата посветеност на глумата ќе се памети засекогаш appeared first on Во Центар.



