Премиерот на Северна Македонија, Хриситјан Мицкоски, денес разговараше со новинарите за набавката на владин авион и борбата против сивата економија.
Премиерот ги негираше обвинувањата на опозицискиот СДСМ за злоупотреба на владиниот авион.
Мицкоски рече дека во текот на овие години на власт, авионот го користел четири пати, согласно законските одредби.Мицкоски предупреди дека ќе се откажат од идејата за купување нов владин авион, иако експертите го предложија ова, додека како што нагласува, дури и опозицијата се согласила дека има потреба од нов владин авион.
Мицкоски зборуваше и за економијата во земјата и борбата против сивата економија.
„Нашата политика е јасна – одржливи јавни финансии и заштитен животен стандард. Ќе продолжиме со дисциплина во приходите, одговорност во трошењето и чувствителност кон реалните потреби на граѓаните“, изјави премиерот Христијан Мицкоски денес во својот говор на годишната конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“.
Борбата против сивата економија, нагласи премиерот, не е кампања, тоа е процес, контролата на цените не е популизам, тоа е заштита на граѓаните.
The post Мицкоски: Ќе се повлечам од идејата за купување нов владин авион appeared first on Во Центар.



