Дојава за бомба во Гимназијата во Тетово, учениците се евакуираат од училишниот објект

Утрово пристигнала дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, продолжувајќи ја серијата на последователни закани кои се регистрирани во оваа институција овој период, информира „ТетоваСот“.

Според првичните информации, веднаш по пристигнувањето на известувањето се преземени стандардните безбедносни процедури, а учениците и персоналот привремено се евакуирани од објектот, објави 4news.mk

Од надлежните институции се очекува да потврдат дали се работи за лажен аларм, како во претходните случаи, додека истрагите за идентификација на авторите на овие закани продолжуваат.
The post Дојава за бомба во Гимназијата во Тетово, учениците се евакуираат од училишниот објект appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: