Кумановец убил стара жена, се испитува дали е сериски убиец

Кумановец од село Челопек се сомничи дека убил стара жена, а постојат сомневања дека извршил и други убиства.
Обвинителството денеска соопшти дека станува збор за 25-годишен маж кој е приведен и одреден му е притвор.
Тој во периодот од 27.01 до 12.02 годинава влегол во куќата на жената која живеела сама и ја нападнал задавајќи и повеќе удари од кои таа починала.
Заради сличности во однос на изборот на жртвата и суровиот начин на извршување на делото се испитува негова поврзаност и со други биства.
За една од потенцијалните жртви вчера илае наредена ексхумација и обдукција, од телото на починатата жена се подигнати траги и ДНК кои се вештачат.
– Истражните органи работат на сложени вештачења и анализи, како и други дејствија за обезбедување докази, кои во моментов не можат да бидат споделени со јавноста поради тајноста на постапката, информира Јавното обвинителство.
Наредено е и психијатриско вештачење на осомничениот од страна на тим вешти лица – форензички психијатри од Институтот за психијатрија во Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи: