Четири лица се полесно повредени во пожар што избувна во Психијатриското одделение на Општата болница во Пожаревац, јавува РТС.
Пожарот избувнал во утринските часови, дежурниот персонал на болницата брзо реагирал и го изгаснал пожарот со рачни противпожарни апарати, јавува медиумот. Потоа, започнала евакуацијата и преместувањето на пациентите, јавува РТС. Четири лица се полесно повредени, како што е наведено, и се надвор од животна опасност.
Нивната здравствена состојба сè уште се следи и се ставени на опсервација. Останатите пациенти, 15 од нив, се распоредени во болницата, објави медиумот. Полицијата е на местото на настанот и спроведува истрага.



