Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара итно повлекување на Ефимија Димовска од функцијата в.д. директор на Развојната банка и реакција од Антикорупциската комисија и останатите надлежни институции.
Според СДСМ, назначувањето на Димовска која е сопруга на Димитар Димовски, член на ВМРО-ДПМНЕ е класичен конфликт на интереси.
– Сега партнерите на Мицкоски добиваат ‘директен линк’ за своите семејни фирми во Развојната банка“, изјави Јон Фрчкоски на прес-конференција.
Фрчкоски нагласи дека „во исто време Димовски имаат семејни фирми“, посочувајќи дека „Ефимија е сопственик на ‘Херба Натура’ и дел од управувачката структура на енергетскиот субјект ‘ХН Соларис’“.
– Поставувањето на Димовска на чело на Развојната банка значи директно влијание врз „кредитни линии и финансирање на енергетски проекти“, што отвора сериозен ризик од судир на јавниот и приватниот интерес, посочи Фрчкоски.


