Цената на нафтата на светските пазари бележи значителен раст поради ескалацијата на конфликтот со Иран. Ормускиот теснец и соседните делови на Црвеното Море, каде што минуваат стотици танкери, се клучни за глобалното снабдување со нафта. Околу 20% од светската нафта, односно повеќе од 17 милиони барели дневно, минува преку овој премин. Неофицијално Ормутскиот теснец е затоврен за танкери.
Иран презеде чекори за затворање на Ормутскиот теснец, при што бродовите наводно добиваат VHF сигнал од иранската Револуционерна гарда со предупредување дека „ниту еден брод не смее да помине низ Ормутскиот теснец“.
Експертите предупредуваат дека и најмало попречување или задржување на танкерите може да предизвика драматичен скок на цените на нафтата, а нарушувањата би можеле да влијаат и на снабдувањето на земјите надвор од Блискиот Исток. Секоја прекината испорака директно влијае на цената на барелот и на стабилноста на глобалниот енергетски пазар.
Последици за домашното и светското пазар:
Растот на цената на барелот би имал директни ефекти и на домашниот пазар, каде што горивото ќе поскапи, а транспортот и производите ќе станат поскапи за потрошувачите. Осцилациите на цените на нафтата влијаат и на глобалната економија – компаниите ги зголемуваат трошоците за производство, инфлацијата се забрзува, а државните буџети се под дополнителен притисок. Според процените на меѓународните агенции, секој раст на цената на барелот за 10 долари може да ја зголеми цената на горивото за домаќинствата и компаниите за 5–7%.
Ситуацијата околу Ормускиот теснец се смета за најкритична точка за глобалното снабдување, а пазарите внимателно ги следат сите геополитички развои кои можат да предизвикаат нестабилност во снабдувањето со енергенси.
Share this:



