Што ќе се случи по смртта на Хамнеи? Ова трио ја презема водечката улога: И еве каков е нивниот план!

Највисокиот ирански безбедносен функционер, секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Лариџани, објави дека земјата денес ќе формира привремен административен совет , пренесува агенцијата Тасним.

Претседателот Масуд Песекијан, врховниот судија Голам-Хосеин Мохсени-Џахи и член на Советот на чувари ќе ја преземат одговорноста за преодната фаза. Станува збор за привремена мерка, која ќе се спроведе во согласност со Уставот по атентатот врз водачот на Исламската револуција, ајатолахот Сејед Али Хамнеи, во американско-израелски напад, и ќе биде во сила сè додека не се избере наследник на Хамнеи.

Тројката ќе ги преземе должностите на Хамнеи сè додека таканареченото Собрание на експерти, тело од 88 влијателни свештеници, не номинира наследник . Според уставот, Собранието на експерти мора веднаш да назначи и претстави нов лидер , рече Мохбер.

Зборувајќи на државната телевизија, Лариџани денес истакна дека иранската нација ги осуетила плановите на САД и Израел и дека, зачувувајќи го своето единство и зрелост, ги неутрализирала американските и израелските заговори насочени кон распаѓање на Иран.

Тој изјави дека Уставот вклучува одредби за иднината на Иран во отсуство на раководството и дека наскоро ќе се формира привремен административен совет .

Како што објасни тој, според член 110 од Уставот, ако земјата остане без лидер, претседателот, шефот на судството и еден од законските членови на Уставниот совет привремено ќе ги преземат лидерските должности додека не се избере нов лидер.

Лариџани денес ги обвини и Соединетите Американски Држави и Израел дека сакаат да го ограбат и распаднат Иран, објавија локалните медиуми.

– Привремениот совет за раководството на земјата ќе биде формиран наскоро. Претседателот, првиот човек на судството и од Советот на чувари (на револуцијата) ќе ја преземат функцијата до изборот на следниот лидер. Овој совет ќе биде формиран што е можно поскоро. Веќе денес работиме на неговото формирање – рече Лариџани, кој беше советник на убиениот ајатолах Хамнеи.

За време на обраќањето на иранската државна телевизија, Лариџани предупреди дека „сецесионистичките групи“ ќе се соочат со суров одговор доколку се обидат да преземат каква било акција .

Кога беше жив, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, им наложи на Лариџани и на неколку други блиски соработници да се осигурат дека земјата ќе преживее не само американските и израелските бомби, туку и секое убиство врз него и врвното раководство на земјата.

На состанокот со Лариџани на 22 февруари, Хамнеи утврди четири нивоа на наследување на чело на државата и воената хиерархија.

Тој, исто така, им рече на сите на лидерски позиции да именуваат до четири замени и им делегираше одговорности на мал круг доверливи лица за да донесуваат одлуки во случај комуникацијата со него да биде прекината или тој да биде убиен .

Не е јасно кој би можел да го наследи Хамнеи. Религиозниот лидер јавно не коментираше за ова прашање. Во последниве години, неговиот син Моџтаба, кој досега имаше малку јавно присуство, беше споменат неколку пати . Покрај тоа, веројатно би било тешко за државниот апарат да ја реорганизира структурата на моќ во средината на војната, објавува Блик .

Додека се криеше за време на 12-дневната војна со Израел минатиот јуни, Хамнеи именуваше тројца кандидати кои би можеле да го наследат .

Нивните имиња никогаш не се објавени , но Лариџани речиси сигурно не е меѓу нив бидејќи не е висок шиитски верски водач, што е основен услов за секој наследник на чело на државата.

Од друга страна, Лариџани беше во најтесниот круг на доверливи соработници на убиениот ајатолах Хамнеи, меѓу кои се и воениот советник и поранешен врховен командант на Револуционерната гарда на Иран (ИРГЦ), генерал-мајор Јаху Рахим Сафави, и бригадниот генерал, сегашниот претседател на иранскиот парламент, Мохамед Багера Галибаф.
The post Што ќе се случи по смртта на Хамнеи? Ова трио ја презема водечката улога: И еве каков е нивниот план! appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: