Пуштена во употреба реконструираната обиколница во Крива Паланка

,Денеска присуствував на пуштање во употреба на реконструирана oбиколница Крива Паланка.
Ова е многу значаен проект на Коридор 8 кој е продолжение на експресниот пат Страцин- Крива Паланка и патна врска со граничниот премин Деве Баир кој е главна врска со Република Бугарија”, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.

-Како Влада продолжуваме да се фокусираме на реализацијата на овие инвестиции, на капиталните инвестиции. Многу пати сме спомнале дека Македонија е држава којашто е практично раскрсница на два многу важни европски коридори, коридорот 8 и коридорот 10, патничкото поврзување, железничкото поврзување па и енергетското претставуваат приоритет на оваа Влада, впрочем и самите резултати на растот на БДП тоа го потврдуваат, анализирањето на овие инвестиции.

Ќе продолжиме и понатаму тој приоритет да го реализираме. Јас очекувам многу скоро сето ова за коешто зборувавме речиси две години од мандатот на оваа Влада да биде реализирано, напиша Мицкоски.

Пронајдете не на следниве мрежи: