Потона воен ирански брод, и над 100 морнари се водат како исчезнати, јавува Скај њуз.
Бродот наводно бил погоден од подморница покрај брегот на Шри Ланка.
Извори од морнарицата и одбраната на Шри Ланка за Ројтерс изјавија дека нивните поморски сили претходно одговориле на повик за помош од иранскиот воен брод „Ирис Дена“, на кој имало приближно 180 луѓе.
Министерот за надворешни работи на земјата, Виџита Херат, подоцна изјави дека војската спасила најмалку 30 лица на бродот.



