Ново рочиште за пожарот во „Пулс“, продолжува сослушувањето на сведоци предложени од Обвинителство

Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани,кога во пожарот загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
На претходното рочиште пред Судот сведочеа членови на бендот на ДНК и преживеани гости од дискотеката, кои ги опишаа настаните во ноќта на трагичниот настан.
Според сведочењата на двајца преживеани гости во клубот, по активирањето на прскалките се запалил дел од таванот, по што настанала паника и стампедо кон излезите.
Процесот се одвива под засилени безбедносни мерки, во присуство на обвинетите, роднини на жртвите и јавноста. Постапка се води против повеќе од 30 физички и три правни лица за тешки дела против општата сигурност.
Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пронајдете не на следниве мрежи: