Црниот чад кој попладнево можеше да се види од повеќе делови на Скопје бил предизвикан од горење кабли.
Во информацијата споделена на каналите за комуникација со медиумите се наведува дека во населбата Маџари, кај црквата позади пругите, било пријавено дека лице гори кабли при што се создава густ црн чад.
Пријавата е пријавена на бројот 112, по што противпожарната бригада и полицијата биле упатени на местото на настанот.


