Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денес се сретна со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, при што разменија мислења за спроведувањето на фискалната и монетарната политика и за одржувањето на стабилноста на финансискиот систем.
Како што соопшти Министерството за финансии, состанокот е дел од тековната координација меѓу фискалните и монетарните власти.
„Министерот се осврна и на законската рамка што ја регулира работата на финансискиот систем, нагласувајќи дека одржувањето на неговата стабилност е важно, додека гувернерот ги истакна мерките што ги презема монетарната власт.“
„Димитриска-Кочоска и Славески разговараа и за состојбата на глобално ниво. На оваа средба беше нагласена важноста од континуирана координација помеѓу фискалната и монетарната политика, при што заеднички беше констатирано дека состојбата на домашната економија е стабилна, додека институциите продолжуваат внимателно да ги следат надворешните ризици и нивното евентуално влијание врз макроекономските индикатори“, соопшти Министерството за финансии.
The post Димитриеска-Кочоска на средба со Славески: Министерството за финансии и НБРМ остануваат посветени на координацијата помеѓу фискалната и монетарната политика appeared first on Во Центар.



