Загина возач во тешка сообраќајна несреќа кај демирхисарско

52-годишен битолчанец загина вчера во тешка сообраќајна несреќа во атарот на демихисарското село Сопотница, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, несреќата се случила кога колата излетала од патот.

„Во 12:20 во ОВР Демир Хисар е пријавено дека патничко возило „фиат” со демирхисарски регистарски ознаки излетало од патот во месноста викана Крбла, во атар на село Сопотница, демирхисарско. Во сообраќајната незгода на лице место загинал возачот Љ.Б.(52) од село Жван, демирхисарско, информираа од битолската полиција.

Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош-Демир Хисар, а сопатникот Д.Г.(60) од истото село се здобил со повреди и е пренесен во Клиничката болница во Битола.

Центарот за управување со кризи утрово соопшти дека загинатиот е нивен колега од Битола, Љупчо Бучукоски.

„На 05.03.2026 година, во тешка сообраќајна несреќа, на 52-годишна возраст, прерано нè напушти нашиот драг колега, Љупчо Бучукоски, оперативен работник во Регионалниот центар за управување со кризи во Битола“ соопшти ЦУК.

Колективот на Центарот за управување со кризи изразува длабоко жалење за загубата и упатува искрено сочувство до семејството Бучукоски.

„Последна почит кон нашиот драг колега Бучукоски ќе се одаде во Капелата од Црквата Света Петка во селото Жван, Општина Демир Хисар, од 13.00 часот на ден 07.03.2026 година, а погребот ќе се изврши на локалните гробишта во селото Жван во 13.30 часот“, напишаа од ЦУК.

Пронајдете не на следниве мрежи: