Киев и Москва разменија уште по 300 воени заробеници

Киев и Москва денес разменија 300 воени заробеници од секоја страна, со што бројот на заробеници разменети од секоја страна од вчера, четврток, се искачи на 500, како дел од договорот постигнат на неодамнешните преговори во Женева, објави руската војска, пренесува Тасс.

„Од територијата контролирана од режимот во Киев, 300 руски војници беа репатрирани. Во замена, 300 воени заробеници од украинските вооружени сили беа вратени“, соопшти руската војска.

Вчера беа разменети по 200 затвореници од двете страни.

Според Москва, Обединетите Арапски Емирати и САД помогнале во посредувањето на размената.

Размената на затвореници и тела е единствениот опиплив резултат од рундите директни разговори меѓу Киев и Москва што се организираат од 2025 година, под притисок од Вашингтон.

Нова трилатерална средба се очекуваше оваа недела, но беше одложена поради војната на Блискиот Исток.

Пронајдете не на следниве мрежи: