Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје откриле 150.000 британски фунти кај странски патник кој патувал за Лондон, а кои не биле пријавени.
Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, информира дека парите биле откриени при контрола на патникот на аеродромот.
Согласно Законот за девизно работење, на патникот му биле вратени девизи во вредност до 10.000 евра, додека преостанатите 141.315 фунти се привремено задржани.
Против патникот е поднесена прекршочна пријава.



