Денови по почетокот на војната со Иран се појавија прашања за тоа колку точно ќе ги чини операцијата „Епски бес“ американските даночни обврзници. Пентагон не сподели проценка и сè уште не побара од Конгресот дополнителен закон за трошоци за операцијата.
Си-Ен-Ен разговараше со тинк-тенкови и експерти за владини трошоци. Според нив, војната чини околу 891,4 милиони долари дневно, според тинк-тенк со седиште во Вашингтон, кој ги анализирал информациите што Пентагон ги споделил за целите што ги погодил и средствата вклучени во операцијата.
Центарот за стратешки и меѓународни студии предвидува дека трошоците ќе се намалат како што САД ќе се префрлат на „поевтина муниција“ и како што ќе се намалува бројот на беспилотни летала и ракети лансирани од Иран.
„Сепак, идните трошоци ќе зависат најмногу од интензитетот на операциите и ефикасноста на иранската одмазда“, додаде CSIS во својот извештај. Воздушните, поморските и копнените операции ќе бидат најголемите трошоци, според анализата на CSIS. Се очекува воздушните операции да чинат 30 милиони долари дневно, а цената за дневните поморски операции е околу 15 милиони долари. Во меѓувреме, копнените операции ќе чинат 1,6 милиони долари секој ден.
Целата пресметка на Си-Ен-Ен.



