Макрон му порача на Иран: Веднаш запрете ги нападите врз земјите од регионот

Францускиот претседател Емануел Макрон денес разговараше со својот ирански колега Масуд Пезешкијан, на кого му порача веднаш да ги запре нападите врз земјите во регионот.

„Иран мора да гарантира и слобода на пловидба со прекинување на фактичкото затворање на Ормутскиот теснец. Конечно, ја повторив нашата длабока загриженост за развојот на нуклеарната и балистичката програма на Иран и целиот спектар на неговите дестабилизирачки активности во регионот, кои се во коренот на сегашната криза“, рече Макрон.

Како што додаде, дипломатско решение е потребно повеќе од кога било „за да се решат овие клучни предизвици, да се стави крај на ескалацијата и да се зачува мирот“.

„Се согласивме да останеме во контакт“, заклучи Макрон.

Пронајдете не на следниве мрежи: