Ни одлуката на 32 земји-членки на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) за ослободување на 400 милиони барели нафта од итните резерви, не помогна да се стабилизира цената на нафтата.
Денеска таа повторно надмина 100 долари, откако пред неколку денови стигна и до 120 долари, по што почна да паѓа и се движеше на околу 80 долари за барел.
Меѓународната агенција за енергија ќе ослободи 400 милиони барели нафта од итните резерви, за амортизација на кризата
Главни причини за трендот остануваат нарушената трговија со нафта и други производи преку Ормутскиот теснец и неизвесноста колку ќе трае војната на Блискиот Исток.
Околу една петтина од глобалното снабдување со нафта поминува низ Ормутскиот теснец, кој го поврзува Персискиот Залив со глобалните пазари.
Експертите проценуваат дека цената на нафтата ќе биде проблем за светската економија и по завршувањето на војната.



