Трамп не е подготвен за договор за завршување на војната со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во моментов не е подготвен да склучи договор за завршување на војната со Иран, пренесе ДПА.

„Иран сака да склучи договор, а јас не сакам да го склучам бидејќи условите сè уште не се доволно добри“, изјави Трамп за NBC News.

Запрашан за условите што треба да се исполнат, тој одговори: „Не сакам да ви го кажам тоа“.

Трамп потврди дека во секој договор тој ќе бара од Иран да се откаже од сите нуклеарни амбиции.

Високи ирански претставници јавно не посочија дека се подготвени да преговараат за договор за завршување на конфликтот.

Пронајдете не на следниве мрежи: