Новиот врховен водач на Иран Моџтаба Хамнеи им нареди на функционерите назначени од неговиот убиен татко, Али Хамнеи, да останат на своите позиции и да продолжат да работат според постојните директиви, објавија денес иранските медиуми.
„Со ова објавувам дека, засега, не е потребно обновување на назначувањата. Клучно е да продолжат со својата работа во согласност со директивите што ги добиле од ајатолахот Хамнеи“, се наведува во пораката, пренесе „Би-би-си“.
Хамнеи, кој на 8-ми март беше избран за наследник на својот татко, од тогаш не е виден во јавноста, на фотографии или на видеа.
Американскиот минситер за одбрана Пит Хегсет ијзави на 13 март, без да наведе докази, дека Хамнеи „е ранет и веројатно обезличен“ во еден од првите воздушни напади на Техеран, во кои беше убиен неговиот татко.



