Собранието троши 393.000 евра за авионски билети

На веб-страницата за јавни набавки е објавен договор со кој Собранието склучува рамковна спогодба во вредност од 24 милиони денари, за набавка на авионски билети.

Времетраењето на договорот е две години, а билетите се од економска класа, согласно податоците од договорот.

Согласно податоците објавени на ЕСЈН, на јавната набавка се јавиле седум компании.

Пронајдете не на следниве мрежи: