Ердоган: Израел нè турка во катастрофа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Израел е предводен од мрежа која се смета себеси за супериорна во однос на другите и дека постепено и свесно го влече регионот кон целосна катастрофа.

„Сите добро знаеме дека нападите што прво беа насочени кон Газа, потоа Јемен и Либан, а неодамна и кон Иран, не беа мотивирани само од безбедносни причини“, истакна турскиот претседател.

Тој нагласи дека глобалниот систем, изграден особено по Втората светска војна, е во фаза на историски прекин и дека фактите за настаните на Блискиот Исток мора јасно и недвосмислено да и се соопштат на светската јавност.

Остро ги осуди дејствијата на израелските власти во Ерусалим, истакнувајќи дека Израел произволно и без никаква правна основа ја држел џамијата Ал-Акса затворена.

„Од клучно значење е да се ослободиме од наметнатите агенди и да му ги објасниме на светот овие реалности, ова варварство и состојба на лудило на начин што ќе остави силен белег“, рече Ердоган.

Пронајдете не на следниве мрежи: