Според Израел, Лариџани бил убиен во напад ноќта помеѓу понеделник и вторник
Израел објави дека во нападот е убиен Али Лариџани, секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, познат како владетел во сенка . Сега е објавена фотографија од моментот кога израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја дал наредбата за нападот.
„Премиерот Нетанјаху издаде наредба за елиминација на високи ирански функционери“, пишува во описот на фотографијата објавена од Кабинетот на израелскиот премиер.
Photo: Prime Minister Benjamin Netanyahu ordering the elimination of senior Iranian regime officials. pic.twitter.com/av6rIqNOFt— Prime Minister of Israel (@IsraeliPM) March 17, 2026
Според Израел, Лариџани бил убиен во напад ноќта помеѓу понеделник и вторник.
Според информациите објавени од Канал 12, убиството на Лариџани првично било закажано за ноќта помеѓу недела и понеделник, но било одложено во последен момент.
Израелските власти добиле информации дека наместо да оди во својот дом, Лариџани ќе оди во еден од становите што ги користел како скривалиште. Според истите информации, со него бил и неговиот син.
Според истиот канал, веднаш по бомбардирањето, израелски безбедносен извор наводно рекол за Лариџани: „Нема шанси да го преживеал овој напад“.
Да потсетиме, израелскиот министер за одбрана Израел Кац објави дека Лариџани е убиен во воздушен напад.
„Лидерите на режимот се убиваат, а нивните капацитети се неутрализираат“, рече тој подоцна во телевизиска изјава.
Тој додаде дека командантот на силите Басиџ , Реза Сулејмани, исто така е убиен.
„Нашата војска вложува максимални напори за да продолжи да ги напаѓа и неутрализира ракетните капацитети на Иран, како и неговата стратешка инфраструктура. Премиерот и јас ѝ наложивме на израелската војска да продолжи да го гони раководството на режимот на терор и угнетување во Иран“, додаде Кац.
The post ЛАРИЏАНИ УБИЕН ДОДЕКА СЕ КРИЕЛ СО СИНОТ ВО СТАН? Израел тврди дека ВИСТИНСКИОТ ВЛАДИТЕЛ НА ИРАН Е ЕЛИМИНИРАН, ова е моментот… appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



