недела, 29 ноември 2026
Најново

Jаневска: Одливот на мозоци да го претвориме во „циркулација на мозоци“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Високото образование треба да обезбеди нашите општества да се развиваат и управуваат врз основа на фактичко знаење, како и на расудување и творечко размислување.

Вакви универзитети се цел на сите нас во регионот, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска на отворањето на дводневната конференција „Мостови кон иднината: Интернационализација на високото образование на Западен Балкан и Југоисточна Европа“ во Скопје, која МОН ја организира во партнерство со Регионалниот совет за соработка и Светската банка.

Таа посочи дека крупните геополитички промени што се случуваат ја јакнат свеста во мали држави како нашата дека образованието е нашата најсигурна инвестиција и дека иднината на нашите економии, нивната одржливост и отпорност зависи од нашата решеност и умеење да направиме квалитетно високо образование.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Министерката додаде дека нашата умешност треба да ја покажеме во обезбедувањето механизми за претворање на одливот на мозоци во „циркулација на мозоци“.

-Не е целта да спречиме мобилност, туку да ја претвориме во процес во кој студентите и професорите заминуваат, но се враќаат со нови знаења, контакти и идеи, рече министерката Јаневска.

Поврзани вести