Пезешкијан ги повика земјите од Блискиот Исток да не им дозволуваат на САД да водат војна на нивните територии

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги повика земјите од Блискиот Исток да не им дозволуваат на САД да водат војна на нивните територии.

„Ако сакате просперитет и безбедност, не дозволувајте САД и Израел да водат војна на вашите територии“, напиша тој на мрежата X, додавајќи дека Иран ќе изврши одлучувачки напад во случај на напад врз инфраструктурата и економските центри на Иран.

Постојано повторуваме дека Иран не спроведува превентивни напади, но дека ќе одговориме решително доколку нашата инфраструктура и економски центри бидат нападнати, рече тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: