Реконструкцијата е во тек: Барселона повторно мора да се пресели од Камп Ноу

Тимот на Барселона ќе мора да се врати на стадионот „Олимпикс Љуис Компанис“ на почетокот на сезоната 2027/28.

Имено, како што објавија шпанските медиуми, реновирањето на Камп Ноу влегува во својата завршна фаза, а најновото преместување ќе се случи поради поставување на нов покрив.

Временската рамка на проектот „Еспаи Барса“ сугерира дека сите три нивоа на новиот стадион ќе бидат завршени до април 2027 година.

Ова означува голема пресвртница, но исто така ја започнува најсложената фаза од изградбата: инсталацијата на масивниот покрив.

Се очекува овој инженерски потфат да трае приближно четири месеци.

Бидејќи инсталацијата бара стадионот да биде целосно празен од безбедносни и градежни причини, Барселона ќе биде принудена да игра надвор од „Спотиф Камп Ноу“ неколку недели на почетокот од сезоната 2027/28.
The post Реконструкцијата е во тек: Барселона повторно мора да се пресели од Камп Ноу appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: