Владата не размислува да воведе ограничувања во делот на нафтените деривати. Премиерот уверува дека снабдувањето е стабилно и дека има доволно количини на гориво.
Мицкоски тврди дека голем дел од граѓаните во соседството полнат гориво кај нас, па дури и дека некои аеродроми од соседството добиваат керозин од нас.
– Досега немаме најава за какви било попречувања во делот на снабдувањето, не планираме да воведуваме ограничувања. На тој начин ги помагаме и нашите соседи бидејќи неколку аеродроми од соседството добиваат керозин од кај нас. Голем дел од граѓаните од соседството се снабдуваат со бензин и дизел од нашите бензински станици. Одредени бензински станици ја имаат зголемено потрошувачката, така што отприлика сега засега и покрај историски најголемиот обем на криза како влада се справуваме прилично стабилно, рече Мицкоски.
Вели дека состојбата со горивата се следи на дневна основа и дека предизвици ќе има и ако набрзо заврши кризата на Блискиот исток.


